За нас

Мисија

Мисијата на Здружение Раст е да имаме здрави и среќни деца, кои ќе пораснат во одговорни и работоспособни индивидуи кои ќе придонесуваат за општеството, бидејќи грижејќи се за здравјето на нашите деца, се грижиме за нашите поколенија и придонесуваме за нашата иднина.

         Здружението  Раст е невладина организација на родители  која ги застапува правата на децата со ендокринолошки заболувања во Република Македонија. Здружението е формирано на 19 Јануари 2007 година од мала група на родители чија примарна цел во тој период била решавање на бројните проблеми со кои се соочувале, главно поврзани со пристап до лекот за пореметување на растот односно хормонот за раст.  Низ годините Здружението прерасна во асоцијација која брои повеќе членови, родители на  дечиња со различни дијагнози кои ги поврзува  потребата  од лекување со хормон за раст.  Од примарно формирано здружение со основна  функција борба за пристап до терапија, последните години сме многу горди што сме препознати како едно од најактивните здруженија на пациенти во Република Македонија. Не само што Здружението  РАСТ е активен субјект во нашата заедница,  интернационално  сме препознати по  бројните активности кои ги искористија и другите здруженија низ цел свет.  

 На  основачкото собрание на  Интернационалната коалиција на организации кои ги поддржуваат пациентите со ендокринолошки заболувања  – ИКОСЕП (ICOSEP- International Coalition of Organization Supporting Endocrine Patients)  во 2013 година во  Цирих, Претседателот на  Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања на Република Македонија, Александар Петровски е избран едногласно за претседател. По успешни 3 години на чело на асоцијацијата,   во 2016 година на годишната конференција на ИКОСЕП во Лисабон , повторно со апсолутно мнозинство е избран  за Преседател на големата ИКОСЕП асоцијација и ден денес успешно ја обавува оваа функција.  Причините за оваа одлука заради  огромните заложувања и придонес во унапредување на нивото на грижата за децата на  локално  и издигнување на имиџот на оваа асоцијација, која денес е важен фактор во светски рамки.

Здужението Раст своите цели и задачи ги остварува врз основа на стручност, непристрасност, независност, доброволност и солидарност.

 Нашата мисија ја спроведуваме преку постојана активна работа на подигање на свесноста за растот, кампањи за рана детекција на пореметување на растот и потребата од лекување со хормонот за раст, како и преку борбата со институциите за навремена терапија за секое дете каде што постои индикација за лекување. Исто така преку реализирање на летни едукативни кампови за децата кои примаат хормонска терапија за раст, помагајќи им полесно да ја прифатат состојбата на лекување, со давање на безрезервна поддршка преку разни едукативни работилници, презентации и игри низ кои децата се едуцираат и социјализираат. Потоа реализирање на предновогодишни едукативни и забавни дружења, кои исто така им помагаат на децата во борбата со социјализацијата и прифаќањето на состојбата на лекување со хормонот за раст.